Дванаесет загинати во лизгање на земјиште во Индонезија

Најмалку 12 жртви по лизгање на земјиштето во близина на граот Џемблунг во Индонезија. Земјиштето почнало да се лизга во петокот навечер, а во разводнетата земја спасувачите ги бараат жртвите со голи раце.

Неофицијално, во калта има уште 96 лица што се водат како исчезнати. До сега се спасени и евакуирани 379 жители на загрозеното подрачје.

Лизгањето дошло по невообичаено долг сушен период, а подрачјето било зафатено од силно монсунско невреме во средата и четвртокот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.