Двата меча АПОЕЛ- Вардар ќе ги пренесува МРТ

Одлична вест за љубителите на македонскиот фудбал и ФК Вардар, двата меча од второто коло во Лигата на шампионите ќе ги следиме на малите тв екрани низ директен пренос .

Македонската радио и телевизија ќе ги пренесува двата дуела во живо на првиот канал. Одличен потег, особено важен е преносот од првиот меч од Никозија, кој нема да може да го следиме од трибините.