Македонија

Две белгиски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија

Две белгиски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија

Две белгиски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, во рамки на посетата на Белгија, зема учество на Бизнис Форумот  во Антверпен, организиран од страна на Канцеларијата на Агенцијата за странски инвестиции во Брисел.

На Форумот присуствуваа повеќе од 100 компании од регионот на Фландрија, од различни сектори вклучувајќи ги тие од автомобилската индустрија, логистика, ИТ, прехранбена индустрија, текстилна и други.

Покрај учеството на овие настани, директорот Фида водеше интензивни преговори со некои од компаниите, се со цел реализирање на нивните инвестиции во Македонија.

forum-belgija-investicii-640x427

Како резултат на овие преговори, две компании веќе имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија и се очекува, уште една компанија да ја потврди нејзината инвестиција во последната недела од јануари.

Едната од наведените инвестиции е од текстилниот сектор, додека другата од секторот за логистика. Во наредните денови се очекува компаниите да излезат со официјално соопштение.