Две болници со пациенти заразени од МЕРС ставени во карантин

Две болници во Сеул, во кои се лекуваат пациенти заразени со МЕРС се ставени во карантин.

Здравствените власти изразија надеж дека поминала кулминацијата на ширење на болеста.

Ова е најголемото ширење на Блискоисточниот респираторен синдром надвор од Саудиска Арабија, каде болеста првично беше регистрирана во 2012. година.

Во Јужна Кореја болеста беше донесена од 68-годишен бизнисмен, кој се вратил од патување од Блискиот Исток.

Од МЕРС во Јужна Кореја за три недели заболеа 126 лица, а 11 починаа.