Две деца и две млади лица тешко повредени во сообраќајни несреќи во саботата

Десетгодишно дете од Скопје е во тешка состојба на скопските клиники откако е соборено од велосипед во скоспката населба Бутел 2, друго тригодишно дете, исто така, тешо настрада во судар на магистрален пат во тетовско, а уште две млади лица од Скопје се повредени во несреќа кај Кичевско.

Во саботата во 14,10 часот на улицата „Босна и Херцеговина“, на паркинг пред зграда во скопката населба Бутел 2, автомобил „голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 47-годишниот А.И. со голема брзина удрило во велосипедистот дете на возраст од 10 години, жител во истата зграда.

Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, фрактури на рацете и хематом.

Рано попладнето во саботата, околу 17,50 часот на локалниот пат меѓу селтата Требош и Џепчиште, тетовско, во близина на пругата се случила сообраќајна незгода меѓу камион „мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управувано од 27-годишниот И.Е. и автомобилот „фолксваген пасат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 33-годишниот К.М., и двајцата од селото Порој.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило тригодишно дете сопатник во патничкото моторно возило “Пасат“, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиникиот центар во Тетово, од каде било препратено во Комплексот клиники ЊМајка Тереза“.

Претходно во текот на вчерашниот ден, во 12,20 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „пасат“ со тетовски рагистерски таблици управувано од 48-годишниот З.М. од тетовска Мала Речица и моторцикл „јамаха“ со скопски регистерски таблици, управуван од 30-годишниот М.Ф. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и неговата сопатничка 28-годишната Б.А. и тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската болница, но потоа биле препратени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.