Две деца повредени при несреќа на училишен автобус во Англија

англија

Нема сознанија за тоа каква е тежината на нивните повреди, а не се знае ниту дали има други повредени лица во оваа сообраќајна несреќа.

Инцидентот се случил утринава околу девет часот по британско време, на еден локален пат во северен Ланкашир.

Во автобусот имало околу 50 ученици кои патувале на екскурзија, кога возилото на еден свиок се наведнало на едната страна и се превртело.

Полицијата која го испитува инцидентот, нема сознанија за тоа што е причината за несреќата.