Македонија

Две деца повредени во тетовско- во нив удрил „Голф“

Две деца повредени во тетовско- во нив удрил „Голф“

Две деца, девојче од осум години и момче на седумгодишна возраст, од тетовското село Доброште, се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 12 часот и 20 минути на регионалниот пат Тетово- Јажинце, пренесува Курир.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, до несреќата дошло откако врз децата кои оделе пешки налетал и ги удрил автомобил „Голф“ со тетовски регистарски таблички што го управувал Ф.А. (32) од селото Одри.

Девојчето се здобило се тешка телесна повреда – скршеница на левата подлактица и по укажаната помош во тетовската клиничка болница е упатено на скопските клиники, додека момчето по укажаната помош во тетовската болница е пуштено на домашно лекување.

Според првичните податоци, причина за несреќата е пребрзо возење на автомобилот.