Две глави најдени пред телевизија во Мексико

Две човечки глави се пронајдени во ладилник пред просториите на телевизиската станица Televisa во мексиканскиот град Гвадалахара, соопштија локалните функционери.

Засега не се идентификувани жртвите, но покрај нив била најдена заканувачка порака со потписот CJNG, што се иницијалите на нарко-картелот Халиско картел на новата генерација, којашто главно дејствува во истоимената мексиканска сојузна држава.

Од канцеларијата на јавниот обвинител на државата Халиско изјавил дека ладилникот бил оставен пред просториите на телевизиската станица Televisa. Меѓутоа, медиумите наведуваат дека ова заканувачко предупредување е насочено кон функционер, а не кон медиумската куќа.

Истовремено на друго место во градот Гвадалахара полицијата пронашла уште еден ладилник со заканувачка порака до судија, како и кеса со човечки останки.

Последните години картелот Халиско стана еден од најмоќните мексикански картели и се смета дека неговите припадници се одговорни за поголемиот број од бруталните насилства во централно и западно Мексико.