Две години од крвавиот настан во „Диво Насеље“

Пред две години, на кобниот 9-ти мај во кумановската населба „Диво Насеље“ згасна животот на осум македонски херои, кои бранејќи ја својата татковина ги положија своите животи при полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група.

Акцијата започна рано утрината во 4.30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до неделата на 10 мај, кога  македонските специјални сили целосно ја неутрализираа и елиминираа терористичката група, од која дел и се предадоа на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои минатата недела посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, кои загинаа, повредени беа повеќе од 40нивни колеги, а беа убиени и 10 припадници на вооружената група.