Две години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Две години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Две години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска со промоција на доктори на науки и на каталог на изданија на УГД го започнува одбележувањето на деветгодишнината од своето основање.

Настанот ќе се одржи во 12:00 часот во свечената сала во Ректоратот на УГД.

Како што се наведува во соопштението на Универзитетот, по деветти пат со повеќе свечени активности ќе се одбележи 27 март, денот кој го означува почетокот на реализирањето на идејата за Универзитет во Источна Македонија.

По повод патрониот празник, УГД утре ќе одржи Свечена седница на Универзитетскиот сенат, ќе додели плакети и стипендии, а ќе бидат изведени и музички точки. На настанот е најавено и присуство на заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски.