Две години затвор за Груевски за набавката на мерцедесот

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години казна затвор во предметот на СЈО „Тенк“ за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание при набавката на блиндираниот мерцедес С-600.

Поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски беше осуден на  6 години и шест месеци затвор за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Поранешната министерка Гордана Јанкулоска е издвоена во друга постапка поради ризична бременост.

Пресудата во Основниот суд Скопје 1 денеска ја изрече судијката Добрила Кацарска, која вчера го осуди Ѓоко Поповски на девет години затвор во предметот „Триста“ за незаконска набавка на 300 возила за МВР.

Неспорно е дека е набавено возило марка мерцедес и дека обвинетите знаеле дека се работи за исклучително скапо возило. Груевски побарал, а Јанкулоска извршила службено дејствие кое не смеела да го изврши и го поттикнала Поповски  да го стори кривичното дело злоупотреба на службената положба. Обвинетите со го фаворизирале економскиот оператор Мак Аутостар, рече судијката Добрила Кацарска.