Две години затвор за војување во Сирија

Судот на Босна и Херцеговина во средата поради војувње во Сирија го осуди на две години затвор својот државјанин осман Андилазиз Кекиќ.

Кекиќ е прогласен виновен бидејќи во март 2015 година преку Турција оптатувал за Сирија и таму ѝ се придружил на една единица којашто дејствувала во рамките на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Во таа единцина војувал до почетокот на октомври 2015 година, по што се вратил во БиХ кога е уапсен и по тоа кривично гонет.

Со пресудата која судот ја донесе во средата преиначена е пресудата коајшто претходно во јуни годинава ја изрече првосепениот судски совет, коешто Кекиќ го ослободи од вина по наводите од истото обвинение, на што се жалеше Обвинителството на БиХ.

Апелациониот оддел на државниот суд ја прифати желбата на обвинителството и ја поништи првостепената пресуда, и наложи ново судење кое и доведе до осудителна пресуда. Претседателот на судскиот совет, Милош Бабиќ, рече дека во текот на доказната постапка недвосмислено е утврдено дека Кекиќ престојувал во Сирија и таму се борел за Исламската држава како припадник на единицата под назив „Енвер Алваки“.

Од Обвинителството на БиХ го поздравија изрекувањето на ваквата пресуда истакнувајќи дека таа е доказ за решителноста на правосудниот систем во земјата за казнувње на кршењето на законските одредби со кои е забрането придружување на странски паравоени единии.

„Со оваа пресуда, во овој момент нема ослободителни пресуди коишто се однесуваат на кривични дела врзани за заминувања на државјани на БиХ и учество на боиштата во Сирија и во Ирак“, изјави портпролот на државното обвинителство, Борис Грубешиќ.