Две гранати испалени од Украина на територијата на Русија

Две гранати се испалени од Украина на територијата на Русија во близина на граничниот премин Куибјашево, изјави претставник од пограничната служба на југот на Русија на југот на Русија, Рајан Фарукшин.

Вработените на пограничниот премин Куибјашево се евакуирани од зградата на царината во 7.50 часот по што се испалени две гранати од украинскиот граничен премин Мариновка.

Фарукшин изјави дека гранатите експлодирале надвор од граничниот премин и дека никој не е повреден.

Тој додаде дека вработените на граничниот премин Новошакхтинск се евакуирани ви текот на ноќта во 3.40 часот по што се слушнале пукања на украинскиот граничен премин Долзхански.

Откако престанало пукањето, вработените се вратиле на тој граничен премин.