Две гранати пронајдени во Охридско Езеро

Две гранати се пронајдени во водите на Охридското Езеро во близина на брегот, соопшти МВР.

Случајот во полиција вчера утро го пријавил И.А. (35) од Охрид. Полициски службеници утврдиле дека гранатите се на педестина метри од брегот на длабочина од околу три метри.

За пронајдените гранати полицијата го информирала Центарот за управување на кризи.