Две изложби за судбините на унгарските Евреи отворени во Штип

Две изложби  на фотографии во библиотеката „Гоце Делчев“ споени во еден настан со наслов „Примери на хуманоста“ и „Спомен слики-незаборавни животни приказни од 20.век“, беа отворени денес во Штип. На овој настан присуствуваа и градоначалникот на Штип Илчо Захариев како домаќин и Амбасадорот на Унгарија во Македонија Јозеф Бенце.

– Изложбите се два одвоени настана и секоја на свој начин зборува за дел од историјата на Унгарија. Во изложбата се пресликани дел од животните судбини на унгарските евреи кои за време на втората светска војна беа предмет на прогон. Со оваа изложба, сакаме да се потсетиме на едно време но и на некој начин, да се се прибилижиме до луѓето од Штип, од Македонија, да не запознаат малку повеќе, и нас и мојата земја, и со тоа да се отворат нови можности за соработка. – изјави Бенце.

ungarija2 (1)
Градоначалникот на Штип Захариев е задоволен што Унгарската Амабсада го избрала Штип како локација за промоција на овие две важни изложби.

– Штип ја дели судбината на многу градови од Унгарија, од историски аспект, кога за време на втората светска војна Евреите биле прогонувани и депортирани во концентрацоните логори. Секој март ние се потсетуваме на еден таков настан. Оваа изложба е шанса да кажеме и предупредиме на негативни текови на историјата, бидејќи јас секогаш велам, нацизмот и фашизмот беа поразени во 1945, но неговата форма на опстојување, идеологијата ја има и денес, во многу европски држави. Ние со Унгарија имаме одлична сорабока и за мене е гордост што имам можност да бидам домаќин на едн ваква изложба.

Средбата беше искористена да се продлабочат врските меѓу Унгарската Амабсада и Штип, бидејќи како што кажа Амбасадорот Бенце, тој по втор пат е во Штип и многу му се допаѓа градот. Тој изрази надеж дека наскоро ќе започне и постапка за зближување или збратимување меѓу Штип и некој градод Унгарија, бидеќи тоа би бил нов момент кој ќе биде чекор напред во соработката, соопштија од општина Штип.

ungarija1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.