Две компании заинтересирани за гасификација на Скопје

Во првиот квартал од 2015 ќе има електронска аукција за гасификација на Скопје. Две компании се заинтересирани и ги исполнуваат условите да го гасифицираат Скопје, истакна премиерот Никола Груевски, на синоќешното интервју во вестите на телевизија Сител.

Тој информираше дека на јавно електронско наддавање, компанијата која ќе понуди најдобри услови ќе добие 20-годишна концесија. Ќе инвестира 100 милиони евра за дотур на гас до домакинствата и фабриките. По електронското наддавање ќе следува потпишување на договорот.

-Следно е гасифицирање на Источна и Западна Македонија. Ние имавме обид за привлекување на концесионери, но испадна неуспешен. Ама има заинтересирани да се јават, но доцна не известија дека не успеале да ја подготват целата документација. Ние оставивме законскиот рок да истече, па ќе објавиме нов јавен повик. Ќе го избереме оној кој ќе понуди најдобра цена. Тоа е секундарната гасификација. Примарната значи поврзување со гас од град до град со цефковод.  Во завршни разговори сме со ЕБОР, но разговораме и со други можни инвеститри. Можен е повик за јавно приватно партнерство. Има јавен повик, се јавуваат фирми. Ако тоа успее, така ќе одиме. Има интерес и во други држави. Тоа е во финална фаза, рече Груевски, кој додаде дека  постојниот договор на Македонија со гас, пола не е искористен.

„Тоа е 800 милиони кубни метри капацитет.Планираме договор со Грција за воспоставување на гасовод, спојување со нивниот од атинското пристаниште. И за тоа бараме начин да се заврши. Во финална фаза сме и можно е да направиме договор со Бугарија. Ќе се договориме на двете варијанти. Добро е Македонија  да има повеќе извори“, посочи Груевски.