Две Косовки, Албанка пееле „на црно“ во кафеана во Чегране

Од 23 часот до 01 часот по полноќ, вчера во кафеаната „Експорт-импорт“ во село Чегране, сопственост на 32-годишниот Б.Н, полицијата затекнала три странски државјанки, две од Косово и една од Албанија, на возраст од 30, 33 и 34 години, кои нелегално работеле како пејачки. Во кафеаната имало и жени од Тетово и од Скопје на возраст од 22 и 33 години.

МВР соопшти дека едната од нив непријавено престојувала на подрачјето.

Странските државјанки биле приведени во полициската станица Гостивар, а денес се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Двете Македонки се пуштени.