Македонија,Крими хроника

Две кривични пријави за пехчевци кои транспортирале огревни дрва

Две кривични пријави за пехчевци кои транспортирале огревни дрва

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ. С (62) од Пехчево, за давање на лажни податоци и Ф.С. (34) од Пехчево, сопственик и управител на Друштво за земјоделско производство, трговија и услуги „Драф-Ѓоти“ ДООЕЛ-с.Умлена-Пехчево за „фалсификување исправа“.

На 30.06.2014 година, првопријавениот вршејќи транспорт на огревни дабови дрва во име и за сметка на Друштвото „Драф-Ѓоти“ при контрола на Шумска полиција од Штип истиот приложил испратница за превоз на 2,5 метри огревни дрва на име на друго лице.