петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 44

Две лица го загубија животот во сообраќајка кај Тетово

Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубиле животот во тешка сообраќајна несреќа со мотоцикл.

motor-nesreka

Поврзани вести

Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубиле животот во тешка сообраќајна несреќа со мотоцикл.

Несреќата се случила синоќа околу 20 часот во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово – Скопје.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, лицето што го управувало мотоциклот загубило контрола  при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале.

Увид на местото извршиле  екипи на полицијата и јавниот обвинител по што, како што рече Јосифовски, ќе се знаат точните причини за сообраќајката.

Најчитани вести