четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

Две лица осомничени за осум тешки кражби во тетовско

zlato

Поврзани вести

Две лица од Тетово Н.К. (39) и А.А. (22) се осомничени од тетовската полиција дека се сторители на осум тешки кражби што биле извршени во април и јуни годинава, најмногу во  куќи во Тетово, Одри, Порој, Требош и Палатица.

Како што информираше за МИА портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски за двајцата осомничени наскоро ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

– Осомничените во вечерните или раните утрински часови провалувале во куќите  со насилно отворање претежно на влезните врати или прозорците, набрзина ги пребарувале просториите во куќите и најчесто одземале пари, златен накит и бижутерија, но и технички производи телевизори, часовници и друго. Дел од одземените предмети се веќе пронајдени и вратени на нивните сопственици, рече Јосифовски.

Според податоците на Јосифовски овие двајца осомничени и минатиот месец биле кривично пријавени за други кражби извршени во Тетово.

Најчитани вести