Две лица потешко повредени во сообраќајки во тетовско

тетово

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека сообраќајните незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден.

Првата сообраќајка била околу 17:30 часот на регионалниот пат Тетово – Пирок пред училиштето во Калник кога автомобил „опел астра“ управуван од И.И.(75) од Голема Речица удрил во 70-годишната А.А. од Ново село 2, која се здобила со скршеница на главата и други повреди. Повредената била пренесена во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош во неконтактибилна состојба била пренесена на скопските клиники.

Втората сообраќајка се случила во 23:40 часот на крстосницата од булеварот Илинденска и улицата Ѓоце Стојчески меѓу автомобил „голф“ управуван од Е.Џ.(22) и мопед „томос“ што го управувал М.М.(33). Во несреќата моторциклистот се здобил со скршеница на левата потколеница, а по укажаната помош во Тетовската клиничка болница бил упатен на скопските клиники.

– Увид на местата од двете сообраќајни несреќи извршиле јавен обвинител и екипи на СВР Тетово и се работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајките, рече Јосифовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.