Две лица повредени на семејна веселба во Куманово

Две лица повредени од огнено оружје на семејна веселба во Куманово.

Х.М. и Р.А. биле повредени од огнено оружје со кое пукало непознато лице присутно на веселбата.

Х.М. е пренесена во УЦ-Скопје, а на Р.А. и е укажана лекарска помош во МЦ-Куманово. Извршен е увид на местото на настанот и пронајден и приведен е сторителот, а се работи за Д.А.(19), државјанин на Косово и против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.