Две лица повредени во пожар во прилепско Десово

Две лица се повредени во пожар што случил вчера во куќа во прилепското село Десово.

Како што соопшти МВР, во куќата сопственост на А.С.(63), настанал пожар во моментот кога неговата сопруга З.С.(60), се обидела да го запали горилникот за готвење на плинска боца која се наоѓала во кујната, по што пламенот ја зафатил завесата.

З.С. во обид да го изгасне пожарот фрлила ќебе врз огнот, но тој се проширил по целата просторија во која изгорела целата покуќнина. Од страна на лицето Ш.С.(37) боцата била исфрлена надвор од просторијата, при што се здобила со изгореници во пределот на десната страна на лицето, додека З.С. се здобила со изгореници во пределот на лицето и левата подлактица.

Пожарот бил изгаснат по интервенцијата на шротивпожани екипи од Прилеп.г