Две лица повредени во пукање на семејна веселба во тетовско Горно Палчиште

Две лица се здобила со повреди за време на семејсна веселба во тетовско Горно Палчиште.

Во село Горно Палчиште вчера во 17:30 часот од СВР-Тетово е добиено известување дека во 12,30 часот во семејната куќа сопственост на Х.М.(49) при семејна веселба од страна на непознато лице било пукано со огнено оружје најверојатно пиштол и при тоа во дворното место каде имало повеќе гости со повреди се здобиле Х.М. и неговиот син Ј.М. (24).

Повредените лица се однесени во Клинички Центар Тетово за укажување на лекарска помош, по што се пуштени на домашно лекување, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.