петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Две лица повредени во сообраќајка кај Неготино

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Неготино кај месноста Црвени Брегови.

лента

Последни вести

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска сообраќајката се случила вчера во 7.10 часот во која патнички автомобил марка „БМВ“  со босански регистарски означи управуван од 52-годишен жител Србија излетал од патот и се превртел.

Во несреќата со повреди се здобиле две лица кои биле  сопатници во возилото,  на возраст од 48 и 22 години.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Најчитани вести