Две лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во Тетово

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Тетово, при која се повредени две лица и причинета е материјална штета.

Ноќеска, десетина минути по полноќ, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „166“ во Тетово, попозната како Брвеничка кривина, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управуван од  27-годишниот Ј.С. од Боговиње и „Ауди“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 31-годишниот тетовец А.И.

Во несреќата, односно судирот, возачот на „Мерцедесот“ задобил тешки телесни повреди и со возило на Брза помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники.

Сопатникот од ова возило  Ш.А.( 20 ) од Голема Речица  и возачот на „Аудито“ пренесени и задржани се во тетовската болница.

Во несреќата, бил оштетен метален столб (јарбол) кој паднал врз паркирано товарно возило „Фолсфаген“ и уште едно патничко возило „БМВ“, кое било паркирано во непосредна близина.

По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со оваа сообраќајна несреќа.Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 500 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.