Две лица претепани во слаткарница во Аеродром

слаткарница

Две момчиња синоќа биле претепани од неколку непознати лица во слаткарница на ул. „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром.

МВР соопшти дека околу 22.20 часот две лица, без повод и причина, физички биле нападнати од пет-шест непознати машки лица, кои биле гости во слаткарницата. Лицата биле пренесени во болницата „РеМедика“, каде на едното лице од нив му се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.