Две лица претепани во угостителски објект

Две лица се претепани во физичка пресметка која во средата вечерта се одиграла во угостителски објект во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил околу 20, 50 часот во угостителски објект на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје кога полоицијата добила дојава за нарушување на jавниот ред и мир.

Лицата Ф.Т. (45) и И.Х. (56), двајцата од Скопје, кои седеле со уште две лица во објектот, физички биле нападнати од страна на повеќе лица, меѓу кои биле Е.Р. и М.Р. од населбата Дуќанџик.

Физички биле нападнати само двајцата споменати, додека на другите двајца им било кажано да се тргнат на страна.

При тепачката бил искршен поголем дел од инвентарот од локалот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.