сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Две лица приведени во врска со нападот во Квебек

Две лица се приведени во врска со вчерашниот напад врз џамија во Квебек, во кој загинаа шест лица, а 17 се ранети.

квебек

Поврзани вести

Приведените се студенти во најстариот универзитет во Канада, „Лавал“, пишува локалниот весник „Солеј“.

Нападот се случи кога вооружени мажи отвориле оган врз верниците, кои се собрале за вечерна молитва во џамија во канадскиот град.

Според очевидците, цитирани од локалните телевизии, двајца маскирани мажи влегле во зграда  околу 19:15 часот по локално време, и отвориле оган, по што избегале.

Радио „Си-Би-Си“ јави дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот и двајцата напаѓачи биле приведени во околината на џамијата.

Петмина од повредените се во критична состојба, а 12 се со полесни повреди, изјави портпаролката на Универзитетската болница во Квебек.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го окарактеризираше нападот како терористички акт.

Најчитани вести