Две лица прободени со нож на „Џон Кенеди“

На 28.11.2014 година околу 15.00 часот во Скопје на ул.„Џон Кенеди“, непознато лице со нож им нанел повреди на Б.С.(26) и Х.С.(18) двајцата од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје и ГОБ “Св. Наум Охридски” при што кај Б.С. се констатирани тешки телесни повреди, убодна рана во пределот на стомакот додека кај Х.С. констатирани се телесни повреди, расекотина на десна надколеница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.