Две лица прободени со нож во изминатото деноноќие

Во два одвоени случаи, две лица биле нападнати со нож во изминатото деноноќие, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај телефонски го пријавил доктор од болницата „Св. Наум Охридски“. Тој ја информирал полицијата дека 35-годишниот А.Н. од скопското село Глумово бил нападнат со нож, по што се здобил со расекотина во пределот на вратот.

Во вториот случај, во болницата „Св. Наум Охридски“ бил донесен 25-годишниот Г.Т. од Скопје со убодна рана во пределот на десната плешка. Според неговите кажувања, додека се движел по булеварот Јане Сандански непознато лице го нападнало од зад грб и го прободел.

Полицијата и во двата случаи презема мерки за целосно расчистување на случајот.