Две лица тешко повредени во голем пожар во Сиднеј

Пожарот целосно уништил еден отпад за автомобили, и се проширил во две околни згради, соопшти австралиската противпожарна служба.

Со пожарот се борат над 100 пожарникари

– Пожарот се уште гори на отпадот за автмобили, а ситуацијата се влошува поради големата количина на гориво и автомобилските гуми, изјавија од противпожарната служба, и додадоа дека причината за пожарот  се уште не е позната.

Австралиската полиција ги евакуирала луѓето од околните згради, а на самото место има амбулантни возила во случај од пожарот да има уште настрадани.