Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Прилеп

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила во четвртокот околу 17,10, часот на регионалниот пат Р1303 во Прилеп.

Како што информира денеска МВР, во несреќата А.Ф. (33) од село Црнилиште, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот и се превртел.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ф., кој по укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Со тешки телесни повреди се здобила и сопаничката А.И. (36) од село Црнилиште која била пренесена и задржана во Медицинскиот центар Прилеп.

Со телесни повреди се здобило петгодишно девојче, кое било задржано на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.