Две лица тешко повредени во сообраќајка на „Илинденска“

Две лица се потешко повредени откако возилото со коешто се превезувале во раните утрински часови удрило во бетонска жардињера на булеварот „Илинден“.

Инцидентот се случил околу 1.30 часот по полноќ кога на булеварот „Илинден“ во близина на крстосницата на улицата „Бледски договор“ автомобил „сузуки свифт“ со скопски регистерски ознаки управувано од 54-годишниот Д.С.(54) од Скопје удрило во бетонска жардињера.

Од незгодата со повреди се здобиле возачот Д.С., како и сопатниците В.Т.(46), Ј.Н.(49) и М.Б.(50) сите од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Кај возачот Д.С. и сопатничката В.Т. биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани за понатамошно лекување. Додека, кај сопатниците Ј.Н. и М.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.