Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Никуштак

Две лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа којаштп ноќта во неделата се случила на регионалниот пат Куманово – Скопје кај селото Никуштак.

Како што информираат од МВР, во несреќата која се случила околу 20,30 часот, учествувале „фолксваген венто“ управуван од 30-годишниот  А.А.  од село Никуштак и  „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од 21-годишниот М.Б.  од село Орланце, скопско.

По незгодата А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им се  констатирани тешки телесни повреди, по што А.А.  е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники !!„Мајка Тереза” во Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен е увид на местото на настанот.