Две лица убиени во кафе-бар во Вевчани

Две лица се убиени, а две тешко повредени вечерва во пукотници во кафе бар во Вевчани.

Според првичните информации во кафулето, околу 21:30 часот влегол З.С. кој со сопствен пиштол пукал кон четирите лица.

Едно од лицата починало на пат кон болница, а второто подоцна. Другите две лица се со тешки повреди и се пренесени во медицински центри.

Од полицијата информираат дека сторителот и оружјето се обезбедени, а повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.