Две лица загинаа, а 23 се повредени на протестите во Венецуела

Најмалку две лица загинаа, а 23 се повредени на протестите на антивладините и провладините приврзаници во престолнината на Венецуела, Каракас.

Претседателот Николас Мадуро порачал дека во земјата нема да има државен удар.

Венецуелската влада и опозицијата разменија обвиненија по смртта на три лица во нередите кои се испровоцирани од минатогодишната тесна победа на претседателот Николас Мадуро на изборите.

По скоро една година од смртта на социјалистичкиот лидер Хуго Чавез, вчерашните протести се показател на длабоката парализа во која што се наоѓа земјата и обостраната недоверба на двата политички блока, на владејачкиот и опозицискиот.