Две лица загинаа а осум се повредени при пожар во Русија

Двајца загинати и осум повредени при пожар во магацин за пиротехника во Русија.

Две лица загинаа, а најмалку осуммина се повредени при пожар и експлозии, кои избувнаа во магацин за пиротехнички материјали во рускиот град Орел.

Како што соопшти полицијата, тројца од повредените во пожарот се деца и се хоспитализирани.

Пожарот во магацинот за кратко време се проширил при што ги зафатил и соседните станбени згради, а во неговото гаснење учествувале околу 1.000 луѓе.