Свет

Две лица загинаа при невреме во САД

Две лица загинаа при невреме во САД
По силното невреме десетици илјади луѓе се без напојување со електрична енергија

Невремето што го погоди централниот и јужниот дел на Соединетите Американски Држави, при кое силен ветер корнел дрвја и електрични столбови, однесе два човечки животи, јавуваат американските медиуми.

Еден маж загина во американската сојузна држава Мисисипи кога ветерот синоќа ја превртел неговата камп-куќа, додека другиот човек загина откако врз неговиот автомобил паднало дрво, при што потешко е повредена и една жена, јавува АП.

Во сојузната држава Арканзас во торнадо повредени се најмалку пет лица, а оштетени се повеќе десетици куќи.

По невремето десетина илјади луѓе се без напојување со електрична енергија.

Се очекува дека невремето  кое предизвика студ, снег, торнадо и се закануваат и поплави ќе  го нарушат сообраќајот во ценнтралните и јужните делови на САД овој викенд, кога милиони Американци ќе тргнат на патување за Божик, при што би можело да дојде до доцнење на летови, а условите на патиштата би можеле да бидат многу неповолни.