Крими хроника

Две лица загинаа при судрир на автобус и автомобил на патот Штип- Радовиш

Две лица загинаа при судрир на автобус и автомобил на патот Штип- Радовиш
Две лица загинаа, а неколку се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 17:50 часот на патот Штип-Радовиш кај месноста викана Пилав Тепе, во која учествувал автобус на „Струмица експрес“ и патнничко моторно возило, информираат од МВР.

Повредени се неколку лица кои се превезувале со автобусот. Увидот е во тек, а сообраќајот е во прекин.