Две лица загинаа во престрелките во источен Париз

Две лица се убиени во престрелките и во заложничката криза во продавницата за кошер во источен Париз, а поголем број лица сеуште се внатре, јавува Јуроњуз, пренесува Нетпрес.

Вооружениот маж се верува дека е истиот човек кој ја уби полицајката во Монтруж вчера. Според информациите, тој им рекол на полицајците „знаете кој сум“.

Се верува дека тој е поврзан со осомничените за нападот во „Шарли ебдо“, Шериф и Саид Куаши, кои во моментов се опколени во северна Франција, каде држат заложници.

фото: BBC