Свет

Две лица загинаа во силна бура во Тексас

Две лица загинаа во силна бура во Тексас

Две лица загинаа, а повеќе од дваесет лица се повредени, а многу куќи се оштетени или уништени од силната бура што го погоди градот Ван, на североисток од Тексас, соопштија денеска американски медиуми, пренесува Танјуг.

Како што пренесуваат американските медиуми околу 30 отсто од градбите во овој мал град претрпеле штета или се целосно уништени,

Силниот ветар, веројатно торнадо, ги носеше покривите од куќите и соборуваше дрвја во близина на Дентон, седумдесетина километри северозападно од Далас, каде се формира и воден брзак предизвикан од поројните дождови. Во спасувањето на најзагрозеното население учествуваа и два хеликоптера.

-Се уште нема податоци за евентуално повредени во ова невреме, соопшти Том Бредшоу од американската Национална метеоролошка служба.

Торнада се регистрирани и во централна Ајова, каде е однесен покривот од едно средно училиште, како и во источниот дел на Јужна Дакота, каде особено е настрадан градот Делмонт, во кој имало најмалку девет повредени лица.

Делмонт, што се наоѓа на околу 170 километри од Сијукс Фол, во моментов нема вода, струја, а не работат ниту телефоните.

-Од околу 200 жители од безбедносни причини е побарано да ги напуштат своите домови, соопшти Кристи Турман, портпаролка на Одделението за јавна безбедност на Јужна Дакота.

Тропската бура „Ана“ вчераутро предизвика свлечиште во близина на Миртл Бич во Јужна Каролина.