Две Македонки се бараат со потерница во Грција

Полицијата во Грција распиша потерница за две државјанки на Македонија, на возраст од 21 и 35 годишна возраст. И двете заедно со нивни пријател ограбиле продавници и локали во северниот дел на Грција, пишува грчкиот дневен весник Прототема.

Нивниот 32 годишен шеф од Македонја бил уапсен вчера и е предаден на истражните судски органи во Кукуш.

Тројката од Македонија, постојано влегувала во Грција и откако ќе ограбела претходно маркиран објект, веднаш бегала во татковината. Засега за нив се знае дека ограбиле автомобил, две цркви, кафетерија, цвеќарница и продавница за техничка стока.

Вредноста на украдените предмети надминува 8.000 евра.