Две милијарди евра изнесуваат штетите во БиХ

Пред одржувањето на донаторската конференција во Брисел на 16-ти јули завршен е целосниот извештај за размерот на штетите во Босна и Херцеговина.

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина во мај на оваа земја и нанеле вкупна штета нешто поголема од две милијарди евра, објавила делегацијата на Европската Унија во Сараево. Проценката е направена со помош на Светската Банка, Обединетите нации и властите во Босна и Херцеговина.

Потврдени се и штетите во Сррбија на 1,5 милијарди евра. Заради поплавите таму, најмалку 12.000 хектари обработливо земјиште нема да може да се користи цела сезона, што ќе влијае на бруто домашниот производ на земјата.