Две млади лица пронајдни мртви во автомобил во Припор

Безживотни тела на две млади лица  на возраст од 23 години попланево се проанјдени мртви во автомобил во Припор, дознава Press24 од полициски извори. Според информации на порталот, двете лица утрово по новогодишната забава заминале да водат љубов во Припор.

Лицата С.Д. (1991) и А.Ј. (1991) пронајдени се  мртви попладнево. Според неофицијалните информации, починатите лица биле пронајдени голи во автомобилот и најверојатно се загушиле од издувните гасови.
Од полицијата ја потврдуваат информацијата.

Телата на починатите било во автомобил марка „опел корса“ кое било паркирано во гаража на улица Христо Татарчев 20,  број 13.