Крими хроника

Две момчиња тешко повредени во сообраќајка во Прилеп

Две момчиња тешко повредени во сообраќајка во Прилеп

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која ноќта во саботата се случила на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп помеѓу автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Ѓ. (33) од Прилеп и автомобил „Мерцедес“, управуван од Т.С. (44) од Прилеп.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнале сопатникот од возилото „Ауди“-Г.З. (19) од Свети Николе, и сопатникот од возилото „Мерцедес“-К.Д. (23) од Прилеп, информираат од полицијата.

Со возило на Итна медицинска помош повреденте биле пренесени во Градска болница Прилеп, од каде по укажаната медицинска помош, поради сериозноста на повредите, биле препратени во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од прилепската полициска станица.