Две нафтени компании со фалсификувани документи од „Окта“ заработиле 562.000 евра

2011-2015 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во сметководството на фирмите употребил фалсификувани фактури за наводно извршени набавки на нафта од скопската рафинерија Окта.

Финансиската полиција кај дел од осомничените изврши претрес на дом, деловни простории и возила при што се пронајдени бланко фактури со печати од една од фирмите кои учествувале во „нафтениот бизнис“ како и 15 фалсифувани фактури наводно издадени од Рафиеријата „Окта“ од Скопје на правното лице Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје, во вкупен износ од 369.000 евра со вкалкулиран ДДВ и 28 фалсификувани фактури во вкупен износ од 1.015.000 евра со вкалкулиран ДДВ исто така со логото и меморандумот на Рафинеријата Окта од Скопје, наводно издадени на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.

Првопријавениот Р.В (47) свесен дека разработената криминална шема за брзо и лесно богатење на сметка на државната каса нема да биде во можност да го реализира само преку неговата фирма Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје која била презадолжена и не била ликвидна за натамошни кредитни оптоварувања, во криминалната игра ја вклучил и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје фирма во сопственост на неговиот пријател и бизнис партнер З.Д кој подолг период е на привремена работа во странство.

Управата за финансиска полиција во насока на целосно расчистување и документирање на случајот, изврши проверки и во