Две нафтени компании со фалсификувани документи од „Окта“ заработиле 562.000 евра

Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, четириесет и седум годишниот С.Р од Скопје, кој иако бил свесен дека нема нафта набавена од Рафинеријата „Окта“ од Скопје, преку неговото сметководствено биро, на главниот организатор му помагал во изготвување на огромен број на цесии, компензации и асигнации со разни коминтенти се со цел губење на трагите од нафтата која впрочем никогаш и не била набавена.

Организаторот на криминалната шема Р.В(47) веднаш откако е разоткриен во неговите финансиски малверзации,  нелегално ја напуштил Република Македонија и истиот се уште е недостапен за органите на прогонот, заради што по истиот ќе биде распишана меѓународна потерница.

Финансиската полиција поради постоење сомневање за финансиски криминал и кај поголем дел од коминтентите на двете осомничени фирми, презема дополнителни активности за проверка на поголем број сомнителни финансиски трансакции што овие фирми ги имале со сега пријавените.