Две нови кампањи на РСБСП: „Животот не дава втора шанса, вози одговорно“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со нови две кампањи поддржани од Владата ќе се бори против несовесните учесници во сообраќајот. Со билборди, реклами на социјалните медиуми, флаери,трибини, едукативни предавање, презентирање на реални приказни од несовесно однесување во сообраќајот ќе им се каже стоп на употребата на мобилни телефони при возење и управување со возило под дејство на алкохол и брзина над пропишаната според сообраќајните правила.

Според последните истражувања РСБСП свеста на Македонците за учество во сообраќајот е на многу ниско ниво не ги почитуваат правилата во сообраќајот.

Само 14 % од Македонците никогаш не ја пречекоруваат пропишаната брзина, 86 % од возачите го прекршуваат правилото за ограничување на брзината, а 85% некогаш употребувале моторно возило во алкохолизирана состојба.

Во Македонија младите луѓе од 20 до 29 години се најчести жртви во сообраќајни несреќи кои што настанале поради управување на возилото поради под дејство на алкохол, а 63% од возачите го употребуваат својот мобилен телефон додека се зад воланот.

Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, истакна дека првата кампањата е насловена  „На патиштата им се потребни одговорни возачи“ ќе бидат поставени билборди на кои ќе има понуда како за мобилен телефон при што ќе бидат испишани штетните последици кои се добиваат од користењето на мобилни телефони при возење.

Креативното решение на кампањата има цел да ги прикаже последиците од користење на мобилни телефони додека управуваат со своето моторно возило преку посебна креирана понуда која наликува на понуда на мобилен оператор. Идејата е да ја подигнеме света кај возачите односно да им покажеме дека и мало невнимание при праќање порака и остварување повик постои голем ризик од сообраќајна незгода, истакна Стаменковски.

Втората кампања е насловена „Животот не дава втора шанса, вози одговорно“ која се однесува на не почитување на препорачаната брзина и управување на автомобил во алкохолизирана состојба. За оваа кампања ќе биде презентирани приказни од личности кои биле директни учесници во сообраќајни несреќи при не совесно однесување во сообраќајот. За оваа кампања свој придонес ќе дадат и повеќе јавни личности.

РСБСП кампањата ќе ја реализира во период од 6  месеци.

Во Македонија во последните две години се случиле 7.500 сообраќајни несреќи со повредени лица. Во 2014 година имало 3.719 сообраќајки со повредени лица, а вкупно повредени лица во сообраќајот на патиштатата биле 6.056 лица. Во 2015 се случиле 3.737 сообраќајки со поврдени лица, а бројот на вкупно повредени лица во 2015 е 5.913. Во 2014 година имало 115 сообраќајки со загинати лица, а во 2015 имало 135 сообраќајки.

Во 2013 година 198 лица го загубиле животот во сообраќајки, во 2014 130, а во 2015-148 лица. Според статистиката, пешаците се најранлива категорија учесници во сообраќајот.

Претседателот на РСБСП Стаменковски ги повика сите надлежни институции да се вклучат и да ја поддржат кампања и апелираше до МВР поактивни и безкомпромисно да продолжи да ги санкционира сите прекршители на законот.