сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 18

Две од три жени имаат сексуални проблеми

Жените поради тоа телесно и душено се помалку задоволни, им паѓа самодовербата, а се нарушува и квалитетот на врската.

Две од три жени имаат сексуални проблеми

Две од три жени имаат сексуални проблеми

Поврзани вести

Во последно време се’ поголем е бројот на припаднички на понежниот пол кои имаат проблеми во креветот. Најмноги ги мчи неможноста да постигнат оргазам, некои од нив во текот на водењето љубов чувствуваат болка, а некои по низа лоши искуства стекнале аверзија кон сексот.

Овие поразителни резултати ги изнеле лекарите од Уролошката клиника во Њу Џерси. Проблемите во сексот стануваат чести и сериозни со годините, освен кога станува збор за неможноста да се постигне оргазмот, на што стареењето не влијае.

„Сексуалната дисфункција може значајно да го намали квалитетот на живот. Жените поради тоа телесно и душено се помалку задоволни, им паѓа самодовербата, а се нарушува и квалитетот на врската. Поради тоа, се препорачува, веднаш штом се почувствуваат потешкотии веднаш да се јават кај својот гинеколог“, објаснува Дебра Фромер, која го спровела ова истражување.

 

Најчитани вести